Членовите на Здружението Велес Бајкинг – Велес се обучија за административно и финансиско управување и раководење со проектен циклус . Обуката за административно и финансиско управување се одржа на 23.11.2019 година додека обуката за раководење со проектен циклус се одржа на 30.11.2019 и 01.12.2019 година во Велес. Обуките беа спроведени од страна на менторската организација Центар за економски анализи од Скопје.

На првата обука за административно и финансиско управување беа презентирани и дискутирани сите сегменти за документација и архивирање вклучувајќи листа на документи, распоред на потрошено време, извештај за финансиско управување, регистрација на проекти во СЕП и УЈП, административни процедури, патнерски договори и права и портфолио документи.

На втората дводневна обука за раководење со проектен циклус беа презентирани и дискутирани сите сегменти во процесот на проектен циклус и дополнително процесот од идеја до реализација. Вториот ден од обуката беше посветен за разработка на идеја и подготовка на концепт нота на тековно отворен повик за кој Велес Бајкинг може да аплицира. На крајот од обуката, како резултат беше подготвена првична верзија на концепт нота за одредена идеја, која членовите треба да ја доработат и да ја испратат до обучувачите за препораки и дополнителни насоки.

Оваа активност е дел од проектот Зајакнати капацитети на локалните грасрут лидери за брз развој на туризмот кој го спроведуваат Велес Бајкинг во партнерство со ЦЕА.
Овој проект е поддржан од „Програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.“