Тимот на експерти, водени од ЦЕА во рамките на Проектот Оценка и насочување на потенцијалите на Иницијативата Отворен Балкан подготви студија во рамки на ЗАДАЧА 3 со наоди за: Административниот јаз за договорот за слободен пристап до пазарот на труд
Суштината на ЗАДАЧАТА 3 е да се направи проверка на фактите за главните иницијативи со потенцијалите на администрацијата за администрирање на иницијативите, да се подготват препораки со список на потенцијални законски измени.
Во овој документ е прикажано резиме на извештаите од шесте држави откако алатката за стратешка проценка за административниот јаз беше применета на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во ЗБ (доколку овој Договор стапи на сила, неговата примена ќе започне на датумот на влегување во сила на Договорот за меѓусебно поврзување на шеми за електронска идентификација на граѓаните на ЗБ) . Меѓутоа, со оглед на неговата важност и со цел работната сила да има придобивка од слободниот пристап во ЗБ и слободно да учествува на пазарот на трудот, при спроведување на нашата проценка на административниот јаз, до одредена мера истовремено работевме и на:
- Договор за соработка во ЗБ во областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни установи и други овластени институции
- Договор за меѓусебно поврзување на шеми за електронска идентификација на граѓаните на ЗБ и
- Меморандум за разбирање за соработка на даночните управи во ЗБ .