Цивика мобилитас на 22 декември 2017 година во х. Арка во Скопје ги промовираше новите мали и ад хок грантисти. ЦЕА доби ад хок грант за “Прирачник за градоначалници и членови на советот на општините во Република Македонија”
Целта на проектот е:
Зголемување на капацитетите на новите водечки структури во општините за ефикасно и ефективно спроведување на надлежностите и зголемување на свеста на граѓаните за мониторинг на работата на општините.
Проектот е со времетраење од 3 месеци, почнувајќи од Декември 2017 до Февруари 2018.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 360.376 МКД.
Документ за јавни политики:
Прирачник за градоначалници и членови на советот на општините во Република Македонија