Центарот за економски анализи го спроведува проектот Степен на транспарентност на буџетскиот процес кај општините во Р. Македонија, финансиски поддржан од Фондација Метаморфозис, Британска Амбасада во Скопје.

Целта на проектот е да придонесе кон утврдување и унапредување на степенот на транспарентност на буџетскиот процес кај општините и воедно да ја зголеми свеста од потребата од буџетска транспарентност.

Целната група на проектот се: ЕЛС/општините

Времетраењето на проектот е 5 месеци почнувајќи од ноември 2016 до април 2017 година.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 3.867 евра од кои ЦЕА учествува со 9% контрибуција.

Истражување:
Извештај од следењето за буџетска транспарентност на општините

Визуелни материјали:
Инфографик