Целта на овој документ е да се даде независна оценка за напредокот од исполнувањето на мерките кои се идентификувани од граѓанскиот сектор на Република Македонија, а објавени во документот „Предлог на граѓански организации за итни демократски реформи“ за периодот од 9-те месеци на Владата на Република Македонија.

Документот „Предлог на граѓански организации за итни демократски реформи“ (јули 2017) е надградена верзија на „Предлог на граѓанските организации за итни демократски реформи“ за следните 6, 9 и 12 месеци, кој беше верификуван и од Европската унија, а е резултат од работата на 73 граѓански организации и експерти. Предлозите за реформи се изработени од страна на 146 учесници на Форумот на граѓански организации на 4 и 5 јули 2017 година, а се надоврзуваат на основниот документ изработен во 2016 година.

  • Промената на власта сама по себе е чекор напред поради тоа што со одржувањето на кредибилни избори се стави крај на длабоката повеќегодишна политичка криза, но не е и гаранција за системски реформи кои се неопходни за да се надмине состојбата на заробена држава.
  • Вклучувањето на граѓанскиот сектор во изработката на 369 планот е ненавремено и повеќе е формалност отколку вистинска инклузивност.
  • Планот 18 е изготвен самостојно од владата без консултирање и вклучување на граѓанските организации, а потоа истиот е презентиран и пред високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија Федерика Могерини.
  • Наспроти мислењето на претставникот на Владата, Планот 369 не е политички документ чие исполнување треба да го мериме само со исполнувањето на политички цели.  Примарната цел на итните реформски приоритети и Планот 369 се поквалитетен живот за граѓаните, ослободување на „заробената држава“, исполнувањето на препораките и реформите на Прибе како и исполнување на посочените реформи од Берлинскиот процес.
  • Новата алатка за отчетност за трошоците на носителите на јавните функции изготвена од страна на Владата како софтверската алатка не функционира и нема никакви податоци после 2017 година, со што индикативно е дека фискалната транспарентност е под ризик и дека е сфатена палијативно и кампањски, а не како трајна определба за ефикасна алатка кон поголема отчетност од именуваните и избраните функционери.
  • Назначените лица за односи со јавност и посредување на информации од јавен карактер во Министерството за финансии 3 дена во континуитет во месец јуни 2018 година не се достапни на телефонските броеви ниту нивните линии се пренасочени кај други вработени што укажува на несериозност во своето работење.

Линк до Извештајот