Населението кое старее и амбицијата да се одржи релативниот животен стандард на пензионираните е тест за издржливост за пензискиот систем – и јавниот и приватниот систем. Затоа, овој извештај треба да се смета за почетна студија која поставува основа за потемелна и систематска анализа на функционирањето на јавниот пензиски систем на Македонија и резултатите од оваа студија треба да бидат гледани во такво светло.
Македонија не се соочува со брзо стареечко население како во другите земји, но затоа пак има проблем со невработеноста што му влијае на јавниот пензиски систем бидејќи креира негативна празнина помеѓу приходите од вработените и трошоците за пензиите. За овој проблем и неколку други теми во јавниот пензиски систем погледнете ја целата студија.