• Вработување:
  • Релативно низок број на Роми кои се корисници на услугите на АВРМ и мерките за вработување во однос на вкупниот број на корисници на национално ниво
  • Апсолутниот број на евидентирани Роми во последните три години кои се долгорочно невработени (чекаат вработување една и повеќе години) се зголемува, како и нивното учество во вкупниот број на долгорочно невработени лица на ниво на РМ (од 5,3% во 2015 година, на 6,5% во 2017 година)
  • Таргетот за процент на невработени Роми за 2016г кој изнесувал 4,7% од вкупниот број на невработени, на крајот на годината според АВРМ изнесува 5,1%, и истиот се зголемува наместо да се намалува и за 2017 г. изнесува 5,2% иако апсолутниот број на невработени лица Роми се намалува во периодот 2016-2017 година.
  • Таргетот за подобрен пристап за Ромите во програмите за вработување за 2016 година е надминат и постои веројатност со истиот тренд да се достигне и таргетот до 2020 година.

Vrabotuvanje

 

Овој визуелен приказ е подготвен во рамки на проектот Civil Society for Roma Integration – In the Shadow / Граѓанското општество за интеграцијата на Ромите – Во сенка, спроведуван од ЦЕА и Ромалитико. Проектот е поддржан со грант од Институт Фондација Отворено Општество во соработка со канцеларијата за Ромски Иницијативи на Фондација Отворено Општество.

Наведените мислења во оваа публикација се мислења на авторите и не ги одразуваат секогаш мислењата на донаторот.