Во тек е обуката „Методологии за социо-економско истражување и примена на кост бенефит анализа во процесот на ПВР, која се одржува од 27 – 29 јуни (среда – петок) во хотел Пела, Охрид. Обуката е трета во серијата обуки од проектот „ПВР во сенка“ наменета за претставници на здруженијата на граѓани членки на Мрежа “РИА”, здруженијата на граѓани дел од програмата за подгрантирање и државни службеници вклучени во спроведување на ПВР процесот. На обуката учествуваа 6 претставници на државната администрација од 5 различни министерства и претставници на 10 граѓански организации.
Учесниците имаат можност да се запознаат со економските и финансиските аспекти на проценка на влијанието на регулативата (ПВР) и последици од политики кои не базираат на факти и анализи. Овој настан е одлична можност за создавање на соработка и приближување на членовите на граѓанските организации и државните службеници во работата за примена на кост бенефит анализа во процесот на проценка на влијанието на законската регулатива. Дополнително, учесниците ќе се стекнат со:
- Градење на сопствена библиотека на алатки,
- Разбирање на концептите наспроти експертиза,
- Разбирање на жаргонот,
- Знаење на ниво на препознавање,
- Поттикнување размислување за потреба од квантитативни анализи,
- Поттикнување размислување за потреба од поголема ефикасност во носењето на јавните политики и на законската регулатива.