Практикантите во рамките на работниот клуб во ЦЕА кој е дел од проектот Вработување на млади Роми прават истражување за ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПУШЕЊЕТО КАЈ МЛАДИТЕ РОМИ ОД СКОПЈЕ
Познато е дека пушењето на цигари претставува една од најважните ризик-фактори за нарушување на здравјето на поголемиот дел од популацијата.
Не е познато колкав процент од младите Роми употребуваат цигари и колку во просек изнесуваат финансиите кои што се одвојуваат за купување на цигари.
Целта на истражувањето е подетално обработување на сегмент од претходно истражување на European School Survey Project on Alcohol and Other Drugs (ЕСПАД ) 2015 и да се утврди
- Дали постои врска помеѓу пушењето и постигнатиот успех на учениците/студентите во нивното образование?
- Дали располагањето со поголеми финансии во семејството влијае на тоа младите да станат зависници од пушење?
- Дали постои врска помеѓу пушењето и социо-економската состојба на младите Роми?
Истражувањето е завршна фаза и кога ќе биде завршено ке биде објавено на веб страната на ЦЕА.