Центарот за економски анализи – ЦЕА заедно со ЦККО Светла Иднина, ЗРРЗ Сумнал и АДРР Сонце, го спроведуваат проектот “Вработување на млади Роми” финансиран од Европската Унија, преку ИПА Програмата за Развој на човечки ресурси (Реф. 12-8413/1) преку корисниците Министерството за финансии во Македонија и Министерството за труд и социјална политика Целта на проектот е олеснување на вклученоста на младите Роми кои живеат во општините со поголем број на ромско население. Оваа цел е предвидено да се оствари преку проектните цели 1) унапредување на вештините и разбирањето на вработливоста кај младите Роми 2) овозможување на локален развоен систем кој ќе ги вмрежи потребните на пазарот и 3) развивање на стратешки прирачник за социјално вклучување и вклучување на пазарот на труд на целните групи. За да се постигнат целите на проектот, ЦЕА и партнерите ќе изготват и анализа на социјалните услуги во таргетираните локации во корелација со вклучување на младите Роми на пазарот на трудот.
2. Предмет на набавка
Спроведување на Анализа на националните и локалните услуги за социјална заштита, националните и локалните политики и иницијативи релевантни за социјално вклучување (инклузија) на Ромите преку пазар на труд. Вид на договорот за набавка: услуги Место на испорака на услугите: Р. Македонија. Период на извршување: јули 2017 – август 2017
Потребни документи за аплицирање