На темата говорат:
1. Јани Макрадули, поранешен потпретседател на Собранието на Македонија;
2. Трајко Славески, Професор на економскиот факултет и поранешен министер за развој и министер за финансии;
3. Борче Треновски, Центар за Економски Анализи (ЦЕА);
4. Владанка Авировиќ – пратеник и член на комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија;
4. Константин Битраков – дипломиран правник и постдипломец на магистерските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Панелистите ќе ги аргументираат своите тези во врска процесот на програмирање, донесување и трошење на буџетот на Република Македонија, односно отвореноста и транспарентноста на овој буџетски циклус, како и за можностите за вклучување на граѓаните и другите заинтересирани страни во различни аспекти на истиот. Ќе се дискутираат и можностите за информирање на граѓаните за прашања поврзани со буџетот, како и практиките за буџетска транспарентност во другите земји од регионот и Европа.