ЦЕНТАР ЗА ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ-ЦЕА СПРОВЕДУВА ЕДНОГОДИШЕН ПРОЕКТ НА ФОО СО НАСЛОВ: ОЦЕНКА И НАСОЧУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ НА ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН
Поддржано од Фондација отворено оштество-Иницијатива за отворено општество за Европа
Наскоро две публикации ќе бидат достапни на јавноста:
- Економските ефекти од иницијативата Отворен Балкан-ОБИ
- SWOT анализа
- Динамична SWOT анализа
- ОБИ инсајдери и аутсајдери
- Главни пораки за 6-те економии доколку сите се членки на ОБИ
- итн.
- Отворен Балкан, Берлински Процес-БП и acquis на ЕУ
- Анализа помеѓу БП и ОБИ
- Анализа на Меморандумите за разбирање и Договорите
- Компатибилност со ЕУ процесот
- итн.
За проектот
ПОЗАДИНА
Признавајќи ја ситуацијата со земјите од Балканот и почитувајќи го недостатокот од интерес на ЕУ за проширување, Претседателот на Србија Александар Вучиќ, Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и Премиерот на Албанија Еди Рама одлучија во октомври 2019 година да „ја земат судбниата во свои раце“ и ја лансираа идејата за воспоставување на „мини Шенген“. Во јули 2019 година оваа идеја еволвира во регионална иницијатива “Отворен Балкан[1]”. Иницијативата не е супститут на ЕУ туку е патека за забрзување на членството во ЕУ и искористување на постоечките но и недоволни потенцијали на овие земји што може да овозможи дополнителен економски раст и развој и конечно, благосостојба на граѓаните.
ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИМПУЛСОТ
Развивањето и култивирањето на добрососедски односи во Западен Балкан во очекување на економски просперитет ќе бара елиминирање на контрола на границите и другите бариери за да се овозможи непречено движење на луѓе, добра и услуги и капитал во регионот. Анализата на регионалните разлики (на пример, приморскио наспроти внатрешни региони, NUTS 2 и NUTS 3 региони, урбани наспроти рурални, главни градови наспроти другите градови) во земјите од Отворен Балкан може да даде одговор за приоритетите за побрз раст и внатрешна конвергенција во регионот на Отворен Балкан. Во моментот недостасуваат соодветно елаборирани анализи за оценка на сите овие предизвици.
Искуството со Covid-19 епидемијата, кризата со храна и енергија, војната во Украина фрлаат светло на вноста од соработка и координација и взаемно разбирање и солидарност помеѓу земјите од Отворен Балкан. Внатрешната координација и соработка, размената на искуства и солидарност помеѓу земјите од регионот ќе донесе вредност за идната интеграција во ЕУ ако земјите од Отворен Балкан зборуваат со еден глас со ЕУ.
Надворешната околина на земјите од Отворен Балкан особено сега со војната во Украина ја потенцира важноста за соработка и координација и за взаемно разбирање и солидарност.
АЛАТКИ И ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОЦЕНКА НА ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА СОРАБОТКА И КООРДИНАЦИЈА
Додека на политичко ниво демонструрана е политичка воља за Отворен Балкан сепак се уште на административно ниво т.е. на терен, луѓето се уште не можат да ја оценат корисноста од ваква инцијатива. Она што недостасува е најмалку истражувања базирани на факти за тесните грла во соработката на потенцијалите на 5-те земји во еден иден Отворен Балкан.
АКТИВНОСТ НА ПРОЕКТОТ
Независна група на експерти од сите 6 земји од Отворен Балкан ги дијагностицираат и истражуваат тесните грла за соработка и координација помеѓу овие земји. Ова додава вредност на веќе демонстрирана политичка воља од 3 земји на Отворен Бакан како иницијатива за поструктуирана и посистематска патека и адресирање на приоритеите на таа патека за развој на оваа регионална иницијатива.
[1] Под Отворен Балкан овде ќе дефинираме територијален порстор од 6 земји: Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Косово, Албанија.