Tax Freedom Day / Денот на даночна слобода, е симболичен датум во годината кога просечен даночен обврзник престанува да “работи” за да го полни државниот трезор и почнува да заработува за “себе”.
Оваа 2022 година сме “работеле” 171 ден за државната каса, а 15 дена повеќе во споредба со претходната 2021г.
17,8% од годишната заработка на просечен граѓанин во 2022г. оди во државната каса за ДАНОЦИ
9,8% од годишната заработка на просечен граѓанин во 2022г. оди во државната каса за ПРИДОНЕСИ
Во тековната 2022 година очекувањата за прибирање на јавните приходи во предлог ребалансот на буџетот за 2022 година се зголемени и покрај очекуваниот умерен и надолен економски раст, споредено со усвоениот буџет за годината.