СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ГО НАМАЛИ СВОЕТО МЕЃУНАРОДНО РАНГИРАЊЕ ВО БУЏЕТСКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ

СКОПЈЕ, 31ви мај 2021-ва. 

International Budget Partnership’s (Меѓународното партнерство за буџети-МПБилустрира дека повеќето од 120 земји кои се предмет на истражувањето успеале да го задржат нивото на буџетска транспарентност и надзор како во претходниот 2019 циклус на мерење.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА бележи пад во буџетската транспарентност, а во врска со објавување на клучни информации кои може да и помогнат на јавноста да ги разбере буџетските политики, одлучувањето и резултатите според последното МПБ истражување.

Во овој циклус за 2021 година буџетската транспарентност на Северна Македонија е намалена споредено со 2019 година од 41 во 2019 година на 36 во 2021 година.

Ова најмногу се должи на ненавременото објавување на Фискалната стратегија (предбуџетска изјава) и на неподготвување на Полугодишен извештај согласно меѓународните стандарди.
___
Како се движела фискалната транспарентност за Северна Македонија во периодот од 2010 до 2021 година е прикажани на следниот график.
МК верзија на деталното истражување:  Отворени Буџети 2021 за Северна Македонија 
__
__
__