Во Центарот за вработување во Кавадарци, заклучно со 30.04.2019 година биле евидентирани вкупно 1454
лица како активни баратели на работа, додека од нив 1161 лица се на возраст од 20 до 59 години од кои 587 се невработени жени.
Долгорочното невработување кај жените е последица на недоволен степен на образование или несоодветно образование и искуството.
Во Кавадарци, најчесто семејствата кои бројат три членови имаат двајца невработени.
45% од невработените жени во Кавадарци досега имаат одбиено работа, најчесто поради понудената ниска плата и поради тоа интересот за отворање на сопствен бизнис е се поголем.
Публикацијата е достапна на следниот линк.