Нејасното разбирање и примена на правата и обврските кои ги имаат невработените кои се евидентираат во регистрите на АВРМ создаваат пречки и конфузија кај невработените лица кои имаат интерес да поднесат барање за користење на некоја од активните мерки за вработување.
Релативното ниското ниво на информираност кај невработените лица укажува на потребата за усогласување на регулативата, ставовите на различните чинители, како и поголема информираност за можностите, правата и обврските на невработените лица.

Постои недостаток на партнерскиот однос на невработените лица и центрите за вработување каде центрите нема да се гледаат едноставно како место каде невработените треба да се пријавуваат (техника или обврска), туку место каде лицата кои сакаат да најдат работа, а имаат потешкотии за вклучување на пазарот на труд ќе работат на процесот на нивно унапредување на капацитети, вештини, и насочување за вклучување на пазарот на труд.

Повеќе информации можете да најдете во анализата за Запознаеност на невработените за процесот на евиденција на невработените и можностите за користење на услугите и програмите и мерките за вработување или во документот  со кратки заклучоци и наоди од истражувањето.