Центарот за економски анализи денес во Берово ги презентираше завршните наоди од теренското истражување „Република Северна Македонија – погранични економски активности со Република Бугарија: Запоставена димензија“. Истражувањето е дел од проектот „Економски активности на пограничните области“ и ги опфаќа општините Берово, Пехчево и Делчево.

 

Сакаме да ја испитаме оваа запоставена димензија, бидејки независно од социо-економските предизвици и независно од политичките теми кои се наметнуваат од страна на политичарите и Владите, сепак граѓаните од овој пограничен регион комуницираат. И затоа сакавме да направиме подетални  испитувања, за што точно станува збор и интересно е на пример да се види како младите гледаат на оваа работа, да видиме што би можело да се препорача за овој микро-регион, односно за тие општини рече Николов.

Од податоците опфатени со истражувањето тој ја потенцираше просечната потрошувачка на услуга по посетител од Р.Бугарија која изнесува 168 евра месечно за трите општини.

Истражувањата од пркетните активности се достапни на овој ЛИНК.

Презентацијата е достапна на следниот ЛИНК.