Проект на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите

Започна кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.

 

Во рамки на проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, започна кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност е навремено да го подмирувате данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмирување на данокот на имот, средствата од даноците на имот го полнат директно општинскиот буџет со кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти нови проекти за индустриски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите го посветува месец март на навремено информирање на даночните обврзници за подмирување данокот на имот.

За таа цел погледнете го видеото и дознајте повеќе од летокот

Проектот за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во Република Северна Македонија е финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Целта на проектот е мерливо зголемување на сопствените извори на приходи и поголема искористеност на надворешните извори за финансирање на општините, како и зголемување на стапката на реализација на буџетот во согласност со условите на централната власт во однос на буџетирањето и известувањето.

Центар за економски анализи  е партнер во спроведување на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.