Физибилити студијата за оправданост за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство e направена од Центарот за економски анализи.

Со планот за проширување од 1014 вкупно паркинзи до крајот на 2023 година ќе има 1470 паркинзи од отворен ттип, 590 од затворен тип, или до крај на 2023 да има вкупно 3074 паркинг места, а по 2024 до 3554 паркинг места. Бројот на вработени треба да достигне 122. Предвидена е инвестиција од 778.720 евра со кои ќе се набават две пајак возила, пет возила за мобилни екипи, ќе се направи кол-центар, систем за затворени паркинзи, земјиште за оставање на возила и друго, образложи Марјан Николов од ЦЕА.