Мрежата за територијално управување на Западен Балкан (TG-WeB), група на актери од граѓанското општество кои делуваат во Западен Балкан поддржани од страна на Европски партнерски организации, го подготви документот: “Визија за територијален развој и управување во Западен Балкан”.

Оваа Визија ја предлагаме како прв чекор кон просперитетна, кохезивна, кооперативна, но пред се разновидна Визија за Западен Балкан. Веруваме дека Владите во Западен Балкан треба да соработуваат како меѓу себе така и со невладините актери кон усвојување на заеднички пристап за територијален развој и управување во регионот. Веруваме дека Визијата е квалитетна и навремена во овој момент, особено за Албанија и Северна Македонија откако избран број на земји членки на Европската Унија ја оневозможија кандидатурата за членство на двете земји.

Предложената Визија е резултат на интерактивна работилница одржана во Мај 2019 година со членовите на Мрежата (TG-WeB), и како таква, Визијата го рефлектира мислењето на Мрежата со индивидуални перспективи приспособени кон заеднички исход. Визијата гради синергии со патот и агендата поставена за Западен Балкан од страна на Берлинскиот процес и особено е во согласност со заклучоците на Претседателот на Самитот на Западен Балкан одржан во Познањ, Полска, Јули 4-5, 2019 година.

Визијата произлегува од  Документот за регионални политики, макро-регионална перспектива во идентификување и предлагање на голем број препораки за тоа како територијалното управување може да игра улога во процесот на интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, преку решавање на предизвиците за развој и управување во регионот. Двата документа можете да ги најдете на веб страната: http://tg-web.eu/publications/.

Нашата визија за територијален развој на Западен Балкан е:
1. Регион кој се залага за самообнова и вклучување;
2. Регион со високо квалитетен институционален и социјален капитал и инклузивни демократски практики;
3. Полицентричен и меѓусебно поврзан Западен Балкан.

Повеќе на следниот линк: Визија за територијален развој и управување во Западен Балкан