Центар за Економски Анализи (ЦЕА) на заеднички организираниот настан од страна на Делегацијата на ЕУ, МТСП, МФ, ги претстави наодите и резултатите од два проекти од грантовата шема за Човечки ресурси и социјално вклучување преку пазарот на труд.
Овие проекти со цел унапредено вклучување на младите преку пазарот на труд: „Создавање можности за младите од руралните средини“ и „Вработување на млади Роми“ беа финансирани преку ИПА програмата на ЕУ. Настанот се одржа на Економскиот факултет во Скопје на 4ти Декември 2017 година.