1) ОТВОРЕН БАЛКАН, БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС И ПРАВОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА (ACQUIS): Брза анализа за оценката и насочувањето на потенцијалите на иницијативата Отворен Балкан

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ЦЕЛАТА АНАЛИЗА 

Кога малкумина сметаа дека креативноста за уште еден регионален формат не може да вроди со плод, Албанија, Северна Македонија и Србија настапија заедно и ја објавија ИОБ. Оваа иницијатива се разликува од другите по тоа што е домашна, но исто така е создадена и ја водат самите држави. Со оглед на фактот дека ИОБ функционира во тандем и во рамките на веќе постоечки иницијативи, се поставува прашањето на нејзина неопходност и усогласеност со постоечките иницијативи.

Сите шест држави од Западен Балкан (WB6[1]) веќе се определиле за регионална соработка во рамките на Регионалната економска област (REA) во 2017 и подоцна за Заедничкиот регионален пазар (CRM) во 2020. Една нова иницијатива со слична природа го наметнува прашањето колку таа е слична или ризична; дали носи некакви новини или иновации во проектите за регионална интеграција коишто беа промовирани во рамките на Берлинскиот процес или можеби претставува само повторување на веќе постоечките иницијативи.

Регионалната соработка оди рака под рака со перспективата на шесте држави од Западен Балкан (WB6) за членство во ЕУ. Сепак, сите држави се наоѓаат во различна фаза од процесот на приклучување и нивото на подготвеност за преземање на обврските од членството во ЕУ и од Единствениот пазар е различно а сите. Ова го наметнува прашањето дали ИОБ се вклопува во пристапниот процес и дали придонесува кон исполнување на условите за членство во ЕУ.

2) ЕКОНОМСКИТЕ ЕФЕКТИ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН: Брза анализа на оценката и насочувањето на потенцијалите на Иницијативата Отворен Балкан

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ЦЕЛАТА АНАЛИЗА

Кои (ќе) се економските ефекти на ИОБ во однос на договорите и меморандумите за соработка коишто се потпишани од страна на учесничките во ИОБ и се однесуваат на три области: слободно движење на луѓе, трговски олеснувања за прехранбени производи и соработка во случај на непогоди. Ги разгледуваме: Меморандумот за соработка за олеснување на увозот, извозот и протокот на стоки на Западен Балкан, меморандумот за соработка во врска со слободниот пристап до пазарот на труд на Западен Балкан, како и соработка во областа на туризмот на Западен Балкан.

Прочитајте ја анализата на силните страни, слабостите, можностите и заканите (SWOT анализа) на секоја држава од Западен Балкан во однос на останатите две држави и во однос на договорите и меморандумите за соработка. SWOT анализата се спроведува според две сценарија: првото е со осврт на моменталната ситуација и под претпоставка дека нема да се промени во блиска иднина – тоа е таканаречената статична SWOT анализа; а, второто, алтернативно сценарио се потпира на две претпоставки: дека државите кои не се учеснички во ИОБ (за кратко време) ќе станат учеснички, како и таа дека моменталната криза ќе биде проследена со период на закрепнување кој нема да трае подолго од две години.