Центарот за Економски Анализи – ЦЕА и Институтот за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико, организираат тркалезна маса на тема Спроведувањето на стратегијата за Роми и политиките за вработување, која ќе се одржи на 18.09.2018 (вторник).

Стратегијата за Роми во РМ 2014-2020 година е клучниот и водечкиот стратешки документ врз основа на која се креираат политиките за поголема интеграција на Ромите во сите општествени сфери. Рокот на важност на стратегијата се ближи кон крајот на втората половина. Преку оваа тркалезна маса сакаме да дискутираме за прашањата за тоа Дали контекстот и целите на стратегијата се уште валидни? Дали политиките и мерките во клучните сфери го дале посакуваниот ефект? Дали институционалната поставеност и координација се на задоволително ниво?, како и за Политиките за труд во делот на поголема активација на невработените и до кој степен досегашните мерки за активација дале резултат. Оваа дискусија треба да даде можност за рефлексија на сработеното како и на очекуваните предизвици во следниот период.

Истовремено ќе бидат претставени извештајот за спроведување на стратегија како и наоди од анализата на запознаеност на невработените лица со процесите е за евиденција во националните регистри за невработени лица и препреките со кои се соочуваат.

Ве покануваме на активно учество на тркалезната маса бидејќи сметаме дека со Вашето учество ќе дадете значителен придонес.

Вашето присуство Ве молиме да го потврдите на следниот е-маил romaintegration2017@gmail.com или пак по телефон 02/2444 766 или 078/327845 најдоцна до 16.09.2018 година

 

Целосната ПОКАНА И АГЕНДА се достапни на следниот линк: ПОКАНА И АГЕНДА