Дали и колку РСМ беше/е транспарентна во доделување на државната помош за КОВИД-19?
Појавата на Ковид-19 пандемијата претставува сериозна закана не само од здравствен аспект туку и од економски аспект поради негативните загрижувачки ефекти врз глобалната економија. Европската Унија (ЕУ), нејзините земји членки, но и кандидатки како што е и Република Северна Македонија (РСМ) бараат начини да ги ублажат негативните економски ефектите и тоа преку амбициозни фискални пакети на мерки на државна помош. Ваквата ситуација создава покрај фискални предизвици и предизвици за политиките, процесите и примената на правилата за контрола на државна помош на ЕУ кои еднакво важат и за РСМ.
ЦЕА подготви извештај за транпрантноста за доделената државна помош во услови на Ковид-19, и направи паралела со ЕУ.
ДЕЛ од Наодите за тоа дали се следат правилата и добрата практика за транспарентност и отчетност за доделената државна помош за справување со Ковид-19?
- Исклучителната итност на ситуација со Ковид-19 бара побрз одговор од надлежните институции. КЗК брзо и ажурно одговарала на известувањата и издавала решенија за одобрување на државна помош (кога согласно законот) на барателите, и тоа во рок од еден до десет дена.
- Постои општа забрана за државната помош (член 7, ЗКДП), и таа се доделува само по исклучоци и со утврдени процедури. Исклучок се смета државната помош за справување со Ковид-19 како помош за штети од исклучителни настани.
- РСМ релативно доцна ја усвои Информацијата со Привремената рамка на ЕК за државна помош за поддршка на економијата за време на појавата на Ковид-19.
- КЗК не објавува информација за мерките за државна помош која ја бараат давателите на државна помош иако истите се законска обврска (чл. 29, ЗКДП).
- КЗК иако со задоцнување од речиси четири месеци ги објави решенијата за одобрување на доделување на државна помош на давателите на помош во услови на Ковид-19.
- КЗК сè уште целосно не ги применува правилата и добрата пракса за навремено, ажурно објавување на детални податоци за давателите и за корисниците на државна помош во РСМ.
- Националниот портал за отворени финансии и делот за Ковид-19 мерки не се целосно усогласени, односно појавуваат грешки и не се лесно обработливи за информирање и за дополнителни анализи.
- Помошта до мало значење т.н. de minimis (помош која не надминува 200 илјади ЕУР за 3 години по корисник) не подлежи на процедура за одобрување со решение и корисниците не се објавуваат јавно бидејќи не се смета за државна помош ( чл. 9, ЗКДП).
Деталите во целосниот извештај МК: Транспарентност на државна помош во услови на Ковид-19 во ЕУ и во Северна Македонија
Деталите во целосниот извештај ALB: Transparenca e ndihmës shtetërore në kushte të Covid-19 në BE dhe Maqedoninë e Veriut