Влошувањето на владеењето на правото, нискиот отчет и транспарентност, особено за трошењето на јавните пари, перцепцијата за недопирливост на високите владини функционери и општата нечујност на гласот на граѓанското општество придонесе за пресврт на парламентарните избори во декември 2016 година. Со помош на граѓанското учество и на вонредните напори на меѓународната заедница, опозицијата, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, доби фер шанса да формира влада. Под максимата за враќање на владеењето на правото и за возобновување на граѓанските слободи, повеќе општествени фактори, дома и од странство, овозможија да се формира нова демократска влада во јуни 2017 година.

Целта на оваа студија за политиките е да го анализира прашањето за данокот на додадена вредност (ДДВ) на физичките лица во контекст на владеењето на правото. Студијата прави посебен осврт на авторските 2 3 3 договори во системот на ДДВ, кои по својата суштина се исти со договорите што ги склучуваат правните лица, а кај кои не настанува промет.

Целосната студија е достапна на следниот линк