Министерството за финансии објави дека почнувајќи од јануари 2019 година, се напушта системот на рамен данок и се преминува кон систем на прогресивен данок. Според реформата, примателите чиј доход на месечна основа го надминува прагот од бруто износ од 90.000 денари, ќе плаќаат дополнителни 8% данок на персонален доход, дополнително на постојната стапка од 10%, за износот на примањата над предвидениот праг. За доходот од капитал ќе се плаќа данок по стапка од 15%.

Групата ЦИВИТАКС смета дека прогресивното оданочување е еден од инструментите за намалување на социјалната нееднаквост. Оттука, Групата ЦИВИТАКС го смета предложеното решение за прифатливо. Сепак, истовремено, Групата ЦИВИТАКС смета дека прогресивниот данок на доход треба да се воведе само откако ќе се адресираат следните прашања:

  1. Потреба од приоритизација и воздржување од избрзани инстант решенија.
  2. Широка општествена дебата за трошењето на народните пари.
  3. Други прашања сврзани со реформата кои Министерството е должно да ги одговори или темелно да ги дискутира.

На следниот линк можете да го пронајдете целосниот став на групата ЦИВИТАКС за предложената даночна реформа.