Погледенете подетално во целосниот: Мониторинг извешатај за квартал #1

ЦЕА ги следеше активностите на КЗК за првиот квартал на 2020 година врз база на претходнои зготвена матрица со мониторинг индикатори поделени на следните групи:

1) Капацитети на КЗК;

2) Заштита на конкуренција од страна на КЗК;

3) Извршување на контрола на државна помош одстрана на КЗК;

4) Транспарентност на КЗК.

Податоците се обезбедени преку Годишните извештаи на КЗК, веб страната, и барања за информации од јавен карактер. За споредба за секој од индикаторите се користи пет-годишниот период од 2015-2019 година.

Резултатите од мониторингот укажуваат на недостаток на капацитети, на потребата КЗК да го зајакне спроведувачкото портфолио во однос на заштита на конкуренцијата и дека контролата на државната помош во РС Македонија години наназад се оценува како недоволно траспарентна (според Европската Комисија).

На веб страницата на КЗК седостапни известувањата за концентрации од страна на компаниите, но само за 2019-та година и за првиот квартал од 2020-та година.

Решенијата за одобрена државна помош се достапни само за 2019 година при што во истите износот на државната помош се третира како доверлив

 

Проектот финансиски е поддржан од Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, преку програмата за поддршка на ГОи и медиуми за ЕУ Интеграција, и е планирано да трае дванаесет месеци во текот на целата 2020 година.