Во рамките на проектот Подобрување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија, импленетиран од Фондација за демократија на Вестминстер (Македонија) ЦЕА го спроведе следењето на работата на ДЗР.
На прес конференција беа презентирани наодите од Четврти квартален извештај за периодот: 1.7.2017 г. – 30.9.2017 г. а ДЗР ја презентираше нацрт програма за 2018 година.
„Ревизии кои што се направени во периодот 2009-2011 и 2016 година, а се однесуваат на основниот буџет за претходната година. Во сите три ревизорски извештаи ДЗР го нагласува потребата за ревидирање на поставената практика на пратениците за себе да прибавуваат финансиски надоместок за користење на приватно возило за службени цели кој не соодветствува со нивните реални трошоци и препораката не се проведува од страна на собранието“, вели Габриела Димоска – Центар за економски анализи.
Наоди од следењето на транспарентноста на дзр
Во просек, институцијата има по една или ниту една вест/известување за јавноста во еден месец;
– Сите ревизорски извештаи од Годишната програма на ДЗР за 2016 г. се реализирани и објавени, и започнато е со тековно објавување на дел од ревизорските извештаи од Годишната програма на ДЗР за 2017 година;
– Според објавената Годишна програма за 2017 година, ДЗР има предвидено да изврши ревизија на 58 субјекти на ревизија, и тоа 53 се однесуваат на ревизија на регуларност, додека, пак, на 5 субјекти на ревизија ќе се врши ревизија на успешност;
– Во споредба со претходната година, ДЗР во 2017 година предвидела 14 субјекти на ревизија на регуларност повеќе;
– Впечатокот е дека медиумите малку ги користат ревизорските извештаи и наодите од извештаите за да поттикнат јавно мислење што ќе води до притисок за поголема отчетност;
-Во четвртиот квартал, при пребарувањето на клучните зборови државен завод за ревизија, наоди од ревизорски извештаи и државен завод за ревизија, беа регистрирани триесетина објави.
Целосниот извештај е достапен на следниот линк: 4 Квартален извештај за работешето на ДЗР
Според ДЗР:
- ДЗР во 2017 година до Државниот завод пристигнале 70 барања за вонредни ревизии, 22 биле прифатени и ставени во нацрт програмата за 2018 година.
- ДЗР користат критериуму за избор на субјекти на ревизија
- ДЗР се спремни за повеќе ревизии кои ги барааат јавноста, институциите и пратениците, но за тоа се потребни повеќе ресурси за поглем опфат
Видео од пресс конфернециј