ЦЕА одржа регионална тркалезна маса, каде што се дискутираа економските односи помеѓу Македонија и Грција. Во оваа дискусија беа разгледани ефектите од кризата во Грција врз Македонија, посебно врз македонскиот извоз, а беше презентиран и историски преглед на односите помеѓу двете земји, како и предлози за подобра економска соработка во иднина. Погледнете го извештајот од дискусијата на македонски јазик, насловен „Македонско-грчките економски односи како главен столб за перспективна соседска соработка во иднина“.