Понудувач за изработка на анимирано видео во рамки на проектот “Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази” – Проект финансиран од Европската Унија имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Центар за економски анализи (ЦЕА). Во периодот јануари 2017 – декември 2019г.
Опис на работата
Видеото кое ќе треба да се изработи со овој повик е во рамки на кампања која ќе има цел да ги доближи резултатите од проектот „ПВР во сенка“ до граѓаните и засегнатите субјекти во контекст на придобивките и можностите кои ги нуди процесот на ПВР кон релевантните субјекти со фокус на граѓаните како крајни корисници. Избраниот понудувач ќе треба да изработи анимирано видео во должина од 180 до 210 секунди преку кое ќе се претстави важноста на процесот на Проценка на влијание на регулатива, придобивките од процесот и можностите кои истиот ги нуди за вклучување на заинтересираните страни. Видеото ќе биде потребно да содржи креативни илустрации и анимации кои на поедноставен и визуелно привлечен начин ќе ги презентираат наодите од проектот. Видеото треба да биде прилагодливо за споделување на социјални медиуми и тв и изработено во адекватни формати.
Понуди може да се поднесуваат до 31 јули (вторник – 23:59ч.) 2018.
Целосниот повик со сите услови е достапен на следниот линк:
Повик за изработка на анимирано видео