Спроведувањето на процесот на Проценката на влијание на регулативата (ПВР) во земјава досега покажа сериозни недостатоци. Неговата важност е препознаена, но увиден е и слаб квалитет во спроведувањето што ја отежнува неговата долгорочна одржливост. Ова се дел од наодите од документите за јавни политики кои денеска ги презентираа Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Центарот за економски анализи.

Двата документи кои анализираат како се спроведува процесот во земјава и кои се искуствата на други држави, „Компаративни добри практики на примена на ПВР и можности за нивна имплементација“ на Јован Близнаковски и „Модел за анализа на ефективноста на ПВР“ на Наталија Шикова се изработени во рамки на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази“ чиј буџет изнесува 332.099 ЕУР и е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија со удел од 298.889 ЕУР.

Кака што посочува Шикова во својата анализа, овој процес кој треба да обезбеди рационално, инклузивно, транспарентно и економично создавање на политики може да се подобри. Основните услови се да се воведе контролата на квалитетот од страна на надзорниот орган; ПВР да  се подготвува најрано што може во процесот на создавање или менување на политики наместо како што е сега, премногу доцна, откога одлуките веќе се направени; Да се промени значајно културата на однесувањето меѓу регулаторите, политичарите, групите на интерес и општата јавност.

Близнаковски го анализира спроведувањето на овој процес во повеќе држави и ги лоцира добрите практики што ја прават оваа алатка незаобиколна при носењето на квалитетни и долгорочни одлуки. Тој, потребните решнија за проблемите лоцирани во документот на Шикова, ги пронаоѓа во повеќе странски системи. Надзорот и контролата се добро решени во Обединетото Кралство и Чешка, јавните консултации се добро популаризирани во МексикоГерманија има добро решение за достапноста на податоците за квалитетни анализи. Шведска има иновативни методи за мотивирање на службениците за изработка на поквалитетни анализи.

Авторите заклучуваат дека добриот процес на креирање политики треба постојано да се проценува и да се модифицира врз основа на научените лекции. Зголемената сложеност на модерното управување бара систематски пристап кон процесот на создавање политики, што во основа треба да биде инклузивен и базиран врз докази. Лошо дизајнирана регулатива создава непотребни оптоварувања за сите кои се засегнати од неа, прави пречки за ефикасноста на пазарите, ги обесхрабрува конкуренцијата и иновациите и доведува до нефер дистрибуција на јавните добра.
2

1 3

Публикациите се достапни на линковите подолу:

КОМПАРАТИВНИ ДОБРИ ПРАКТИКИ НА ПРИМЕНА НА ПВР И МОЖНОСТИ ЗА НИВНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

PRAKTIKA KRAHASUESE TË ZBATIMIT TË VNR DHE MUNDËSITË PËR ZBATIM NË MAQEDONI

МОДЕЛ ЗА АНАЛИЗА НА ЕФЕКТИВНОСТА НА ПРОЦЕНКАТА НА ВЛИЈАНИЕ НА РЕГУЛАТИВАТА

MODEL PËR ANALIZËN E EFEKTIVITETIT TË VLERËSIMIT TË NDIKIMIT TË RREGULLATIVËS (VNR)