Велес Бајкинг под менторство на Центарот за економски анализи а ден 03.09.2019 ја одржаа втората работна средба за стратешко планирање на Велес Бајкинг во Велес.
Првата работна средба за стратешко планирање имаше за цел да се идентификуваат мисијата, визијата и стратешките цели и определби на работењето на Велес Бајкинг.
Нашата мисија опфаќа неколку сегменти на кои се фокусираме и сакаме да придонесеме. Промовираме здрав животен стил најчесто со хуманитарен и еко карактер преку велосипедизмот и запознавање на природните убавини во земјата меѓу другото. Нашиот следен велосипедски настан 6та МТБ тура – Питијада Велес 2019 покрај дружењето и возењето велосипед има за цел да собере средства за купување на садници за пошумување на изгорените предели во околината на Велес откако ги опфати пожар. – Зоран Јаневски, Претседател на Велес Бајкинг
Оваа работна средба за стратешко планирање на Велес Бајкинг е од големо значење и клучен инпут за дефинирање на стратешкиот документ кој дава насока за дефинирање на мисијата и визијата на постоењето на Велес Бајкинг и стратешките определби на организацијата за промовирање на здравиот животен стил и велосипедизмот а со цел подобрување и промоција на туризмот во земјата.
Оваа активност е дел од проектот Зајакнати капацитети на локалните грасрут лидери за брз развој на туризмот кој го спроведуваат Велес Бајкинг во партнерство со ЦЕА.
Овој проект е поддржан од „Програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.“
—