Презентација на студијата: ПРОЦЕНКА НА НЕДАНОЧНИ И ПАРАФИСКАЛНИ ТРОШОЦИ И УСОГЛАСУВАЊЕ СО РЕГУЛАТИВАТА

Случај: прехранбена индустрија и градежен сектор

imag 1 img 2 img 3

Неданочните и парафискалните трошоци претставуваат дополнителни трошоци за бизнисите кои честопати се скриени, не се транспарентни и не можат лесно да се планираат што може да предизвика несигурност во деловното планирање, а со тоа да бидат и директна причина за намалена конкурентност како и за нивна трансмисија кон цената на финалните производи и/или услуги, а со тоа и повисоки пазарни цени за тие добра/услуги.

За дел од овие задолжителни неданочни и парафискални плаќања деловните субјектите не добиваат никакви дополнителни права, услуги или стоки за возврат од јавниот сектор, или пак имаат бенефит кој е непропорционален со финансискиот товар од давачката. Анализата кон евентуално намалување или укинување на истите би резултирало во намалени трошоци за бизнисите и би ја подобрило бизнис климата, преку зголемување на добивките или инвестициите, а со тоа потенцијално и на даночните приходи во буџетот на долг рок.

Оваа студија претставува таква анализа која има за цел да даде препораки за рационализација на неданочниот и парафискалниот товар на приватниот сектор. Без амбиции да се направи исцрпна листа на сите неданочни и парафискални давачки во приватниот сектор што би ги надминувало ресурсите кои ни се на располагање, оваа анализа се фокусира на неданочните и парафискалните давачки на деловните субјекти од областа на два сектора: градежниот сектор и прехранбената индустрија. Притоа, примарните податоци кои се користат во анализата се собрани директно од примерок на компании од градежниот сектор и прехранбената индустрија преку прашалник, а дополнително се користат секундарни податоци како што се статистички податоци, податоци од бизнис здруженија и комори, академски истражувања и податоци од владини извори.

Студијата е поделена на три дела:

 анализа на перцепциите на компаниите од примерокот,

 економска анализа и

 правна анализа.

Во првиот дел се анализираат перцепциите и наодите од компаниите од примерокот, во вториот дел се прави симулација од влијанието од евентуалното намалување на неданочните и парафискалните давачки врз бруто додадената вредност на Република Македонија, а во третиот дел се дава детален преглед на неданочните и парафискалните давачки кои ги имаат компаниите од градежниот сектор и прехранбената индустрија.

Линк до студијата MK: ПРОЦЕНКА НА НЕДАНОЧНИ И ПАРАФИСКАЛНИ ТРОШОЦИ И УСОГЛАСУВАЊЕ СО РЕГУЛАТИВАТА

Линк до студијата АЛБ: Vlerësimi i shpenzimeve jotatimore dhe parafiskale dhe përputhshmëria me rregullativën Rasti i industrisë ushqimore dhe sektorit të ndërtimit

Линк до студијата на АНГ: Assessment of non-tax and parafiscal costs and regulatory compliance
Case: food processing industry and construction sector

Линк до презентацијата