Проект: Зајакнување на интегритетот кај климатското финансирање

Центар за економски анализи – ЦЕА

www.cea.org.mk

 

Центарот за економски анализи (ЦЕА) го најавува почетокот на проектот„Зајакнување на интегритетот кај климатското финансирање: Транспарентно и одговорно финансирање за спречување на корупцијата“.

Цел: Зголемување на интегритетот на локалните финансии поврзани со клима и животната средина

Како што Северна Македонија се стреми кон одржлив развој, децентрализацијата на финансирањето за животна средина и климатски промени наметнува потреба од подобро управување на локално ниво. За да се намалат ризиците од несоодветно трошење, оваа иницијатива ќе работи на институционализирање на транспарентноста и отчетноста во општините (ЕЛС). Преку подобрени рамки за управување и антикорупциски процедури, проектот ќе придонесе кон оптимизирање на  распределбата на ресурсите и ќе придонесе кон обезбедување на подобрен фискален интегритет на трошењата наменети за управување со животната средина.

Главната цел на проектот е Зајакнување на интегритетот, транспарентноста и отчетноста на финансирањето поврзано со климатските промени на локално ниво во Северна Македонија, со што би се намалиле ризиците од неправилности и корупција и би се подобрила распределбата на локалните ресурси.

Специфични цели:

–        Подобрување на усогласеност со регулативата од страна на ЕЛС и да се поттикне институционализирање на проактивното објавување на податоците и информации кои се однесуваат на локалните финансиите поврзани со животната средина и климата, со цел ублажување на ризиците од неправилности и потенцијали за појава на корупција.

–        Зголемување на свеста и знаењето на локалната самоуправа, граѓанското општество и пошироката јавност за специфичните финансиски и општествени ризици поврзани со неправилностите и корупцијата во областа на животната средина.

–        Зголемување на капацитетите на граѓанските организации и граѓаните преку техники и дигитални алатки потребни за следење на локалните финансии како и застапување кое се заснова на докази за подобро управување на општинските финансии особено наменети за справување со климатските промени и управувањето со животната средина.

 

Соопштение за јавност МК, ENG

Краток опис на проектните активности наменети за пилот општини

 

  • Референтен број на проектот: ЕК 2025/488-600
  • Имплементатор: Центар за економски анализи (ЦЕА)
  • Финансирано од: Европска комисија (ЕК)
  • Времетраење на проектот: 12/2025-5/2028