GreenFORCE, е проект финансиран од ЕУ Хоризонт 2020, чија цел е да се поттикне извонредност во научните истражувања и иновации за „зелената транзиција на Западен Балкан“ на Co-PLAN (Албанија), ЦЕА (Северна Македонија) и УБ-ГЕФ (Србија), како средство за подобрување на нивниот истражувачки профил, зајакнување на истражувачките и менаџерските капацитети на нивниот персонал и придонесување за конвергенција меѓу истражувачките капацитети на Западен Балкан (ЗБ) и ЕУ.

Оваа цел ке се постигната преку партнерство на пет организации кои тесно ќе соработуваат за продуцирање на територијално знаење преку истражување и преку институционално учење; размена на знаење меѓу партнерските организации преку примена на циклусот за управување со знаење;

GreenFORCE PROJECT FACTSHEET

facebook: Greenforce Twinning Project

web page: greenforcetwinning.net

 

 

 

 

Повеќе видете ги проектните извештаи и студии: 

Deliverable 4.1 – Report on Western Balkans Just Green Transition Conceptualisation

Deliverable D4.2: Regional Mapping Report on Green Transition

Податоци од мапирање во регионот / Open Access on Zenodo

  1. Dataset for Green Transition Policies, Stakeholders and Practices in North Macedonia
  2. Dataset for Green Transition Policies, Stakeholders and Practices in Serbia
  3. Dataset for Green Transition Policies, Stakeholders and Practices in Albania
  4. Dataset for Green Transition Policies, Stakeholders and Practices in Montenegro
  5. Dataset for Green Transition Policies, Stakeholders and Practices in Bosnia and Herzegovina

Пријавете се да го добивате билтенот GreenFORCE Newsletter:

NEWSLETTER No. 1| March 2023

NEWSLETTER No. 2| July 2023

NEWSLETTER No. 3| December 2023

Брифови за политики:

– Праведна зелена транзиција во Западен Балкан: Надминување на „заморот од транзиции“

Во регионот на Западен Балкан (ЗБ) терминот праведна зелена транзиција, најчесто се користи во контекст кој не ја одразува траснформативната природа и обемот кој го предвидува ваквиот процес. Поради тоа и не постои сеопфатен координиран пристап на активности и политики кои се однесуваат на климата и на животната средина, но постојат низа иницијативи и јавни политики коишто се разгледуваат во одредени сектори. Земјите од ЗБ се обврзаа за спроведување на праведна и зелена транзиција, меѓутоа останува предизвикот за тоа како соодветно да се пренесе наративот за „транзиција“ во регион кој веќе бил предмет на не многу успешни транзиции.

Овој краток документ за политики има за цел да придонесе кон разбирањето на практичните импликации на праведната зелена транзиција во ЗБ како и да понуди препораки за тоа како да се постигне подобра имплементација на политики кои ќе имаат поширока општествена поддршка.

Прочитајте го целиот бриф на македонски јазик: ТУКА (ENG here).

– „Од-отпад-до енергија“: искористување на потенцијалот од отпадот како алтернативен извор на енергија во земјите од Западен Балкан 

Отпадот во земјите од Западен Балкан (ЗБ) сè уште се смета за нуспроизвод кој не се користи. Огромни количини на комунален отпад се депонираат како на отворени депонии така и во природата и се чека природно да се распадне, неконтролирано се согорува или завршува во водените реципиенти. Сепак комуналниот и индустрискиот отпад се неискористен енергетски потенцијал, а искористувањето на енергетскиот потенцијал на отпадните материјали претставува можност за да се придонесе кон визијата за кружна економија. Доколку ваквите нуспроизводи се унапредат според поставени ЕУ стандарди би можеле да бидат извор на дополнителен приход и да ја снабдуваат индустријата со алтернативно гориво што пак може да придонесе кон остварување на амбициозните планови за намалување на јаглеродните емисии. Исто така, искористувањето на отпадот може да придонесе кон намалувањето на другите штетни последици врз животната средина и врз здравјето на луѓето, а кои произлегуваат од депонирањето и согорувањето на отпадот. Производството на алтернативни горива преку пристапот  „од- отпад-до-енергија“ може да придонесе и за диверзификацијата на енергетскиот микс (особено кај индустриските процеси), како и за намалување на зависноста од конвенционалните фосилни горива и за поттикнување на енергетската безбедност.

Со искористување на потенцијалот „од-отпад-до-енергија“, земјите од ЗБ би можеле да придонесат кон поодржлива и поотпорна иднина, кадешто одговорноста за животната средина и искористување на ресурсите заеднички можат да придонесат кон справувањето со глобалните предизвици. Овој потфат бара заеднички напори на институциите и на индустријата за да се преориентираат од производство во рамки на линеарна кон кружна економија со цел пониска потрошувачка на јаглерод.

Прочитајте го целиот бриф на македонски јазик: ТУКА (ENG here).