GreenFORCE, е проект финансиран од ЕУ Хоризонт 2020, чија цел е да се поттикне извонредност во научните истражувања и иновации за „зелената транзиција на Западен Балкан“ на Co-PLAN (Албанија), ЦЕА (Северна Македонија) и УБ-ГЕФ (Србија), како средство за подобрување на нивниот истражувачки профил, зајакнување на истражувачките и менаџерските капацитети на нивниот персонал и придонесување за конвергенција меѓу истражувачките капацитети на Западен Балкан (ЗБ) и ЕУ.
Оваа цел ке се постигната преку партнерство на пет организации кои тесно ќе соработуваат за продуцирање на територијално знаење преку истражување и преку институционално учење; размена на знаење меѓу партнерските организации преку примена на циклусот за управување со знаење;
GreenFORCE PROJECT FACTSHEET
facebook: Greenforce Twinning Project
web page: greenforcetwinning.net
Повеќе видете ги проектните извештаи и студии:
Deliverable 4.1 – Report on Western Balkans Just Green Transition Conceptualisation
Deliverable D4.2: Regional Mapping Report on Green Transition
Податоци од мапирање во регионот / Open Access on Zenodo
- Dataset for Green Transition Policies, Stakeholders and Practices in North Macedonia
- Dataset for Green Transition Policies, Stakeholders and Practices in Serbia
- Dataset for Green Transition Policies, Stakeholders and Practices in Albania
- Dataset for Green Transition Policies, Stakeholders and Practices in Montenegro
- Dataset for Green Transition Policies, Stakeholders and Practices in Bosnia and Herzegovina
Пријавете се да го добивате билтенот GreenFORCE Newsletter:
NEWSLETTER No. 3| December 2023
Брифови за политики:
– Праведна зелена транзиција во Западен Балкан: Надминување на „заморот од транзиции“
Во регионот на Западен Балкан (ЗБ) терминот праведна зелена транзиција, најчесто се користи во контекст кој не ја одразува траснформативната природа и обемот кој го предвидува ваквиот процес. Поради тоа и не постои сеопфатен координиран пристап на активности и политики кои се однесуваат на климата и на животната средина, но постојат низа иницијативи и јавни политики коишто се разгледуваат во одредени сектори. Земјите од ЗБ се обврзаа за спроведување на праведна и зелена транзиција, меѓутоа останува предизвикот за тоа како соодветно да се пренесе наративот за „транзиција“ во регион кој веќе бил предмет на не многу успешни транзиции.
Овој краток документ за политики има за цел да придонесе кон разбирањето на практичните импликации на праведната зелена транзиција во ЗБ како и да понуди препораки за тоа како да се постигне подобра имплементација на политики кои ќе имаат поширока општествена поддршка.
Прочитајте го целиот бриф на македонски јазик: ТУКА (ENG here).
– „Од-отпад-до енергија“: искористување на потенцијалот од отпадот како алтернативен извор на енергија во земјите од Западен Балкан
Отпадот во земјите од Западен Балкан (ЗБ) сè уште се смета за нуспроизвод кој не се користи. Огромни количини на комунален отпад се депонираат како на отворени депонии така и во природата и се чека природно да се распадне, неконтролирано се согорува или завршува во водените реципиенти. Сепак комуналниот и индустрискиот отпад се неискористен енергетски потенцијал, а искористувањето на енергетскиот потенцијал на отпадните материјали претставува можност за да се придонесе кон визијата за кружна економија. Доколку ваквите нуспроизводи се унапредат според поставени ЕУ стандарди би можеле да бидат извор на дополнителен приход и да ја снабдуваат индустријата со алтернативно гориво што пак може да придонесе кон остварување на амбициозните планови за намалување на јаглеродните емисии. Исто така, искористувањето на отпадот може да придонесе кон намалувањето на другите штетни последици врз животната средина и врз здравјето на луѓето, а кои произлегуваат од депонирањето и согорувањето на отпадот. Производството на алтернативни горива преку пристапот „од- отпад-до-енергија“ може да придонесе и за диверзификацијата на енергетскиот микс (особено кај индустриските процеси), како и за намалување на зависноста од конвенционалните фосилни горива и за поттикнување на енергетската безбедност.
Со искористување на потенцијалот „од-отпад-до-енергија“, земјите од ЗБ би можеле да придонесат кон поодржлива и поотпорна иднина, кадешто одговорноста за животната средина и искористување на ресурсите заеднички можат да придонесат кон справувањето со глобалните предизвици. Овој потфат бара заеднички напори на институциите и на индустријата за да се преориентираат од производство во рамки на линеарна кон кружна економија со цел пониска потрошувачка на јаглерод.
Прочитајте го целиот бриф на македонски јазик: ТУКА (ENG here).
Градење на патеки за управување со праведна енергетска транзиција: случајот на Северна Македонија – Бриф за политики
Градењето на ефикасни структури на управување, коишто базираат на локалната реалност, се од витално значење за процесот на праведна енергетска транзиција. Суштински предуслов за јавните политики засновани на локални специфики според местото каде тие политики треба да се применат (place-based policy) се идентификување и имплементација на добри практики, кои се креираат во партнерство со локалните засегнати страни и групи, за истите соодветно да можат да одговорат на влијанијата од енергетската транзиција токму во тие места.
Овој краток документ ги разгледува политиките на енергетска транзиција и степенот до кој процесите на управување и вклучување на засегнатите страни можат да обезбедат резултати кои се општествено и просторно праведни. Случајот на Република Северна Македонија (РСМ) се користи како пример во идентификување на предизвиците во управувањето на декарбонизацијата и праведната енергетска транзиција. Иако темата е сложена и не може директно да се примени, сепак искуството на РСМ може да пренесе релевантни лекции и за другите земји во регионот на Западен Балкан (ЗБ), преку споделување на предизвиците во процесот на праведна енергетска транзиција.
Иако расте свесноста за потребата од промена кон поодржлив енергетски пазар, економските и општествените трошоци претставуваат голем предизвик. Во поширок контекст на декарбонизацијата, сепак затворањето на термо електраните кои работат на јаглен, не претставува прашање на тоа дали ќе се затворат и кога, туку клучното прашање е како ќе се спроведе процесот на декарбонизација. РСМ има законодавна и политичка рамка за поттикнување на обновливи извори на енергија и на енергетската ефикасност, но и покрај ваквите заложби, постои простор за унапредување, особено поради: 1) нејасните оперативни структури на управување; 2) недоволните инвестиции; 3) ограничената вклученост на засегнатите страни; 4) празнините во регулаторните рамки; 5) лимитираната општествена прифатеност; и 6) енергетската безбедност. Затоа, идентификувањето и примената на добрите пракси за управување со енергетската транзиција како и активното вклучување на засегнатите страни е од суштинско значење.
Управувањето со процесот на праведна зелена транзиција во РСМ претставува заеднички напор помеѓу повеќето владини субјекти и различните чинители од граѓанското општество и од приватниот сектор. Централната власт ја поставува сеопфатната регулаторна рамка и политики, вклучувајќи ги и целите за нивото на емисии и на механизмите за поттикнување на производството на обновлива енергија и на одржливите практики низ различните сектори. Управувањето на овој процес бара координиран напор и преговори меѓу сите одговорни за практичното спроведување и за следењето на процесот.
Прочитајте го целиот бриф на македонски јазик: ТУКА (ENG here).