Центарот за економски анализи во партнерство со Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико во рамките на проектот Граѓанско општество за интеграција на Ромите – Во сенка поддржан од Отворено општество – Канцеларија за ромски иницијативи организира 4 средби со претставници на ромски граѓански организации.

Фокус групите се поделени во 4 области: образование, вработување, домување и здравство  согласно дефинираните приоритетни области на Стратегијата за Роми 2014-2020.

Целта на овие фокус групи е да се открие спектарот на идеи, перспективи и искуства како и да се манифестира синергија што не ја поседуваат самите поединци во насока на утврдување на степенот на реализација на националните акциони планови, онаму каде во делот на имплементатори се јавува невладиниот сектор.

Одржување на фокус групите е согласно следниот распоред:

19.02.2018 со почеток во 11:00 часот – Образование

19.02.2018 со почеток во 11:00 часот – Здравство

20.02.2018 со почеток во 11:00 часот – Вработување

20.02.2018 со почеток во 11:00 часот – Домување.

Сите фокус групи ќе бидат организирани во Јавна Соба (50та Дивизија) во Скопје.

Доколку досега се немате пријавено а сакате да бидете учесник во некоја од фокус групите, Ве молиме да се пријавите на следниот линк:  https://goo.gl/bqfnNp.

Дополнително, доколку сметате дека треба да се пријавите на повеќе од една тема а се организирани во ист ден, Ве молиме одберете една тема за која сметате дека имате најмногу искуство и можете да дадете придонес, во спротивно назначете две лица кои имаат искуство.

Ве молиме, да одберете тема и да назначите лице/а со контакт кои ќе присуствуваат на фокус групите на следниот е-маил: romaintegration2017@gmail.com

За секој присутен е предвиден симболичен надомест како и покривање на патните трошоци. Дополнително, по завршување на фокус групите, предвиден е ручек за учесниците.

 

Со почит,

Тимот на проектот:
Граѓанско општество за интеграција на Ромите – Во сенка