Проектот COVID-19 и општините во РС Македонија, го спроведува Центарот за економски анализи.
Проектот има за цел да придонесе кон дискусијата за локалните ефекти од кризата и влијание на COVID-19, врз локалното управување, локалното финансирање и да даде насоки на креаторите на политики како да градат поотпорни региони. Дополнително ќе даде преглед на фискалните опции на општините за справување со ефектите од COVID-19.
Проектот е во времетраење од 6 месеци почнувајќи од 01.09.2020 до 28.02.2021 година.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 330.000 мкд.
Овој проект е финансиски поддржан од ЦИВИКА МОБИЛИТАС.
Студијата на ЦЕА дава преглед на импликациите врз јавните финансии на ЕЛС во Северна Македонија во првите три квартали од 2020 година, прави споредба со претходните период и дава препораки за следниот период.
Клучните прашања и одговори кои се разгледуваат во студијата се:
Кои се прелиминарните влијанија на Ковид-19 кризата врз локалните финансии на приходната страна кај ЕЛС во РСМ?
– Сопствените приходите на општините во првите три квартали од 2020 година се намалиле за 18% споредено со претходната година во истиот период, и се пониски за 1,5 милијарди денари (или 24,6 милиони евра). Падот на приходите е предизвикан од пад на прибраните приходи од даноци на имот, даноци од специфични услуги и вршење на дејност.
Дали системот на меѓувладини односи ги адресира промените предизвикани од Ковид-19 пандемијата?
– Системот на меѓу-владини трансфери ги адресира промените во приходите кај ЕЛС предизвикани со Ковид-19 пандемијата преку интервенција со уредбата за распределба на трансферите од данок на додадена вредност. Со носење на уредба за промена на начинот на распределба трансферите од ДДВ за следната 2021 година, приходите планирани за следната година нема да претрпат значителни промени.
Кои се финансиските потреби, а се појавуваат како јаз од Ковид-19, за општините да одговорат на надлежностите кои им се пренесени со законите и уставот?
-И покрај ефектите од Ковид-19 врз финансиите на општините, кумулативно за сите 81 ЕЛС во РСМ, нема дополнителна потреба за задолжување поради значителните заштеди од нереализираните капиталните расходи од капиталните планови на општините.
Прочитајте го караткиот бриф за политики: Бриф за политики: Јавните финансии на општините и Ковид-19 во Северна Македонија
Инфографиците за јавните финасии кај ЕЛС во услови на Ковид-19