ПРИРАЧНИК ЗА БУЏЕТ И БУЏЕТСКИ ПРОЦЕС

Второ изменето и преработено издание

 Овој прирачник е второ издание на прирачникот за буџет и буџетски процес кој е резултат од продолжување на соработката помеѓу ЦЕА и Вестминстер фондацијата за демократија за обучување на стручните служби при Собранието на Република Македонија во областа од јавните финансии, а кој се однесува на буџетот како инструмент на Владината политика, буџетскиот процес и фискалната транспарентност во Република Македонија.

 

Првото издание на прирачникот од пред осум години беше организирано во два главни дела. Во првиот дел беа прикажани законската и институционалната рамка за буџетскиот процес и буџетот на Република Македонија, а во вториот дел во анекс беа приложени вежби. Во ова второ издание прикажани се други аспекти кои се од важност за Собранието на Република Македонија имајќи ги во предвид новите околности во развојот на парламентарната демократија на Република Македонија, а се однесуваат на фискалната транспарентност, а особено на учеството на јавноста во буџетскиот циклус и буџетскиот процес како и на надзорот над буџетите. Како анекс на овој документ се илустрирани чекорите од буџетскиот процес кај земјите од Западен Балкан.

 

И во ова издание се задржуваме на основните поими во областа, за секој приправник во Собранието да може поподготвено да се носи со работните задачи на своето работно место. При тоа се водевме од принципите да прирачникот биде: едноставен, лесно разбирлив, да води кон соодветната законска регулатива за зацврстување и проширување на стекнатото знаење, да даде вовед за тоа кои се играчите во буџетскиот процес и што е фискалната транспарентност.

ПРИРАЧНИКОТ Е ДОСТАПЕН НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

ПРИРАЧНИК ЗА БУЏЕТ И БУЏЕТСКИ ПРОЦЕС