ЦЕА ги презентираше резултатите од студијата која ја проценува сивата економија во Македонија пред претставници од Министерството за труд и социјална политика. Оваа студија беше изработена од страна на ЦЕА во мај 2012 година, во која што се истражува и проценува големината на сивата економија во Македонија. Преку користење на индиректни методи за проценка (ЕСМ и MIMIC методите), ЦЕА пресмета дека релативната големина на сивата економија во Македонија е намалена од 35% од БДП во 2000 год. на 24% од БДП во 2010 год. За целосните резултати погледнете ја студијата на англиски јазик на следниов линк.