Со спроведување на  анализата дадена во овој документ се настојува да се направи сублимат од националните и локални политики за социјална заштита, социјална инклузија и намалување на невработеноста на младите со посебен осврт на младите Роми во Македонија. Исто така се претставени бариерите во пристапот на пазарот на трудот како и препораки со акциски план со конкретни активности за подбра социјална инклузија (општествено вклучување) и зголемување на вработеноста на младите Роми во Република Македонија.

Целосната анализа е достапна на следниот линк.

Оваа анализа е изготвена во рамките на проектот Вработување на млади Роми.

Проектот е финансиран од Европската Унија
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на авторите и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.