Центарот за економски анализи (ЦЕА) од Скопје заедно со Институтот за истражување и анализи на политики- Ромалитико го спроведуваат проектот: Граѓанско општество за интеграција на Ромите – Во сенка.

Како дел од активностите на проектот, извршен е мониторинг на спроведувањето на Стратегијата за Роми во Република Македонија  и Националните акциски планови кои произлегоа од истата, а се однесуваат за четирите приоритетни области: вработување, домување, здравство и образование.

За таа цел, во текот на минатите три месеци беа остварени средби со надлежните министертства, претставници од Националното координативно тело (НКТ) и беа организирани фокус групи со претставници од граѓански организации кои делуваат во областите кои се идентификувани како приоритети во Стратегијата за Роми во РМ.

Со цел поголем опфат на прибирање на информации кои не се јавно достапни и лесно видливи, а се однесуваат на степенот на спроведување на Стратегијата за Роми, го бараме Вашиот придонес.

На следниот линк може да го најдете – Прегледот на спроведувањето на Стратегијата за Роми во РМ во 2016 и 2017 година кој е отворен за Ваши дополнувања.

Ве молиме најдоцна до 20.03.2018 (вторник), 16:00 часот да ги испратите во посебен документ, со реферирање на кој дел се однесуваат Вашите дополнувања на следната електронска пошта: romaintegration2017@gmail.com.

 

Доколку имате било какви прашања, слободно контактирајте не.

Центар за Економски Анализи

Бул. Јане Сандански 63/3 1000 Скопје

Контакт број: 02 2444 766

Емаил: ceaorgmk@gmail.com

 

Институт за истражување и анализи на политики, Ромалитико

Ул. Метохиска 83, 1000 Скопје

Емаил: romalitiko@gmail.com