Северна Македонија веќе подолг период се наоѓа во една социо-економски криза, која тешко би можело да се надмине доколку не и се пристапи системски и рационално. Со ставот кој го изнесе ЦЕА на крајот од минатата година (2020) во своето издание Популизмот и клиентелизмот во политичката економија на Северна Македонија, поттикна размислување и актуелизирање на темата популизам и клиентелизам, но понуди и платформа во неколку точки на крајот на документот за кои е потребно да се изјаснат политичките партии.
На локално ниво важно е да се земе во предвид дека ситуацијата е не помалку аларманта. Иако постои добра законска регулатива во законот за буџетите и законот за финансирање на ЕЛС сепак, тие не се почитуваат до крај, а и централната власт дополнително го поттикнува популизмот и клиентелизмот на локалната власт како и неетичкото однесување на избраните и именуваните функционери на локално ниво во ЕЛС и во комуналните претпријатија формирани од ЕЛС преку откуп на долговите на ЕЛС и комуналните претпријатија формирани од ЕЛС и преку непочитување на фискалните правила кои самата централната власт ги има донесено.
ЦЕА укажа дека откупот на долгови на ЕЛС е инструмент кој води кон синдикализирање на трошоците од неодговорно работење на избрани и именувани функционери и кој води кон натамошно еродирање на правната држава. Во таа насока, укажуваме и на неодговорноста на Министерството за финансии, со непочитување на фискалното правило за буџетите на ЕЛС, кое тоа го воведе, сопствените приходи на основниот буџет на ЕЛС да се планираат со пораст од најмногу 10% од просечно остварените приходи во последните три години. Имено, самата Влада во 2019 година го зголеми процентот на 30%, во 2021 на 50%, а ЕЛС и денес продолжуваат со непроменети практики кои водат до повторно кумулирање на вакви обврски.
Сакајќи да укажеме на сериозноста на ситуацијата со јавните финансии на локално ниво, кое ниво на владеење е најблизу до граѓаните, според утврдена методологија измеривме ИНДЕКС за рано предупредување за клиентелизмот и популизмот на ниво на ЕЛС.
Целосните резултати можете да ги погледнете тука:
ИНДЕКС за рано предупредување за клиентелизам и популизам на ниво на ЕЛС 2022
ИНДЕКС за рано предупредување за клиентелизам и популизам на ниво на ЕЛС 2019 – 2020