Целта на анализите и информациите кои ги презентира Центарот за економски анализи– ЦЕА е темелно да ја информира јавноста за ризиците кои постојат по македонската економија. Особено се фокусираме на ризиците по јавните финансии, чиј што интензитет и веројатност за настанување се зајакнуваат подолг временски период кој опфаќа владеење на повеќе македонски влади. Ова е уште поважно сега во овој временски значаен период за Републиката, ако се земе предвид стеснетиот фискален простор за натамошно задолжување на државата, а особено по најавата за „продажба на државен имот и поголем обем на влез
на Јавни приватни партнерства-ЈПП“ при дебатата за буџетот за 2021 година.

Затоа во анализата подолу даваме една ретроспектива на раѓањето на популизмот и клиентелизмот и даваме платформа во неколку точки на крајот на документот за кои е потребно да се изјаснат политичките елити. Или според речникот на Жан-Жаак Русо: после долги години на злоупотреба на власта, кога државата не се збогатува, а народот е сиромашен, кога силата на политичките партии ја претвораат својата сила во право, а послушноста во должност, тогаш општата волја останува нема, кога сите, водени од тајни мотиви, повеќе не ги изразуваат своите гледишта како граѓани (туку како клиенти), а под параванот на законите итро се подметнуваат неправедните декрети, чија цел е само личен интерес (сетете се на аргументите за „неменливоста на ДУП“ при ЕЛС како пример), тогаш општествената поврзаност е прекината во сите срца, а најподлиот интерес дрско се кити себеси со светото име на општа благосостојба.

Целосниот став и анализа на ЦЕА можете да ги прочитате тука.