Центар за економски анализи, најостро го осудуваа минатонеделниот напад на канцеларијата на здружението ГЛАСНО во Штип, преку кој беа уништени прозорците и таблата со логото на КУЦ (културно уметнички центар) ТЕКСТИЛ.
Во продолжение следи целосната реакција
Реакција на 74 граѓански организации од Македонија на нападот врз канцеларијата на здружението ГЛАСНО и К.У.Ц. ТЕКСТИЛ во Штип на 26.11.2016
Здруженијата на граѓани, поддржувачи на оваа реакција, најостро го осудуваат минатонеделниот напад на канцеларијата на здружението ГЛАСНО во Штип, преку кој беа уништени прозорците и таблата со логото на КУЦ (културно уметнички центар) ТЕКСТИЛ. Сметаме дека овој напад е директен удар врз борбата за човекови права и слободата на здружување и изразување на граѓаните.
Земајќи предвид дека овој простор во изминатите месеци е слободна зона на среќавање и организирање на работниците и работничките од текстилната и кожарската индустрија, сметаме дека ова е напад врз работниците поради волјата за промени на нивниот статус и конечно остварување на нивните права.
Бараме Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство најитно да ги открие сторителите на овој напад кој испраќа сериозна закана и предизвикува чувство на несигурност. Здруженијата на граѓани изминативе години биле напаѓани повеќе пати, но досега напаѓачите не се пронајдени за ниту еден случај. Сметаме дека е крајно време ваквата неказнивост да престане и конечно да бидат најдени сторителите на сите напади.
ГЛАСНО во соработка со повеќе здруженија веќе неполна година активно работи на зајакнување на работниците со цел унапредување на нивните човекови и работнички права. Голем број на граѓани и граѓанки кои работат во текстилната и кожарската индустрија изминатата година беа запознаени за своите работнички права и во ГЛАСНО најдоа сојузник и поддржувач во борбата за промена на нивниот статус. Закажан е и првиот голем собир на текстилни и кожарски работници и работнички на 08.12.2016 година, кој предизвика интерес во локалната средина, но и од пошироката јавност.
Токму затоа и се наметнува прашањето кому му смета здружението и неговата работа? Зошто една ваква благородна идеја и цел да биде каменувана? Никој нема да ја запре борбата за подобрување на правата, условите и платите на работниците во текстилната и кожарската индустрија, која ќе продолжи и ќе биде ГЛАСНА. Порачуваме дека нападите врз ГЛАСНО ги разбираме единствено како страв од охрабрувањето на граѓаните конечно да побараат остварување на нивните загарантирани права и подобрување на нивниот социо-економски статус.
Воедно, ГЛАСНО ве поканува на големиот собир на текстилни и кожарски работници на 08.12.2016 година кој ќе се одржи во Штип со почеток во 19 часот.
Организации кои го поддржаа ова соопштение:
- Здружене за култура и уметност – Факултет за работи што не се учат / Акто Фестивал
- Здружение Регионален центар за одржлив развој
- Млади Европски Федералисти – ЏЕФ Македонија
- Центар за стратегии и јавност ПАКТИС – Прилеп
- Плоштад Слобода
- Профицио – Мултиетничка толеранција преку економски просперитет
- Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
- Организација на жени од Струмица
- Проект ЕУ – Кавадарци
- Младински Клуб – Штип
- Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација
- ЛГБТИ Центар за поддршка
- ХОПС – Скопје
- Х.Е.Р.А
- Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста
- Субверзивен фронт
- Фондација за развој на локалната заедница – Штип
- Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“
- Центар за современи уметности – Скопје
- Контрапункт – Асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики
- Младински културен центар – Битола
- Центар за економски анализи
- Јадро – Асоцијација на независна културна сцена
- ЗГ „Патокази“ – Гевгелија
- Граѓанска иницијатива „Арсена“
- Здружение „Проектен простор Прес ту егзит“ – Скопје
- Центар за култура и културни студии
- Амбрела
- Визио – Кичево
- Фондација „Фокус“ – Велес
- Центар за развој на локална демократија – Скопје
- Здружение за унапредување на родова еднаквост „Акција Здруженска“ – Скопје
- ЕД Планетум – Струмица
- Акција Плус – Ресен
- ЕД Дешат – Дебар
- Фондација Метаморфозис
- Фондација Отворено општество – Македонија
- Новинари за човекови права
- Цивил – Центар за слобода
- Национален совет за родова еднаквост
- НВО Инфоцентар
- Синдикат на македонска дипломатска служба
- Асоцијација за истражувања комуникации и развој – Паблик
- Здружение „Избор“ – Струмица
- Тиит!ИНК
- Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците – Достоинствен работник – Прилеп
- Коалиција сите за правично судење
- Институт за човекови права
- Лезфем
- Млади европски федералисти – ЏЕФ Македонија
- Центар за граѓански комуникации
- Здружение за развој и активизам „Аква“
- Здружение иницијативен глас – Прилеп
- Институт за македонска литература
- Институт за европска политика – Скопје
- Транспарентност Македонија
- Коалицијата за одржлив развој – КОР Скопје
- Есперанца – Светски културен центар
- Хуманитарно и добротворно здружение на ромската интелегенција АНГЛУНИПЕ
- Граѓанска иницијатива „Го сакам ГТЦ“
- Банка за храна Македонија
- Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство
- Јустиција
- Младински образовен форум
- НВО Центар за демократски развој и иницијатива (ЦДРИМ)
- Хуманитарно едукативна организација (ХО) ХАЈГА
- Здружение Радика – Дебар
- Македонски центар за европско образование МЦЕО
- Фондација Фридрих Еберт-канцеларија Скопје
- Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга
- Центар за меѓуетничка соработка и бегалци – Скопје
- Центар за економски анализи
- Интернет хотлајн провајдер –Македонија
- План 4Д