Идејата за овој извештај произлезе од семинарот за организации за граѓанско општество организиран од страна на ММФ во соработка со Пактот за стабилност за југоисточна Европа во Виена од 31-ви октомври до 2-ри ноември, 2007-ма година. Семинарот беше организиран на база на постојаните обиди од страна на ММФ за воведување на транспарентност во нивната работа со поширокиот сектор од граѓанското општество. Организациите за граѓанско општество се јадрото и формата на граѓанското општество. Затоа, тие се одлична целна група за трансмисија на веќе постигнатото, сегашните активности и идните проекти и намери на ММФ. Квалитетот на презентираното и наученото беа на највисоко ниво, знаејќи дека сите кои презентираа се клучни донесувачи на одлуки и креатори на политики во ММФ и југоисточна Европа. Така, резултатот беше од најголема важност и ги постави основите за сегашни макроекономски политики и понуди индикатори за важни чекори за властите и организациите за граѓанско општество во нивната секојдневна работа.

Извештај