Промената на власта сама по себе е чекор напред поради тоа што со одржувањето на кредибилни избори се стави крај на длабоката повеќегодишна политичка криза, но не е и гаранција за системски реформи кои се неопходни за да се надмине состојбата на заробена држава.

Вклучувањето на граѓанскиот сектор во изработката на 369 планот е ненавремено и повеќе е формалност отколку вистинска инклузивност.

Планот 18 е изготвен самостојно од владата без консултирање и вклучување на граѓанските организации, а потоа истиот е презентиран и пред високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија Федерика Могерини.

Наспроти мислењето на претставникот на Владата, Планот 369 не е политички документ чие исполнување треба да го мериме само со исполнувањето на политички цели.  Примарната цел на итните реформски приоритети и Планот 369 се поквалитетен живот за граѓаните, ослободување на „заробената држава“, исполнувањето на препораките и реформите на Прибе како и исполнување на посочените реформи од Берлинскиот процес.

Новата алатка за отчетност за трошоците на носителите на јавните функции изготвена од страна на Владата како софтверската алатка не функционира и нема никакви податоци после 2017 година, со што индикативно е дека фискалната транспарентност е под ризик и дека е сфатена палијативно и кампањски, а не како трајна определба за ефикасна алатка кон поголема отчетност од именуваните и избраните функционери.

Во делот на економијата сметаме дека Владата се уште носи привремени мерки кои ја следат парадигмата на претходната Влада и стратешките трендови на државно субвенциониран раст, додека истите не ги адресираат вистинските проблеми за креирање на амбиент за ефикасна пазарна економија. Како што може да се види уште од самиот наслов на новиот план, Владата се заложува за економски раст, а не за економски развој. Планот не е заснован на анализа на проблемите и е интуитивен збир на барања на бизнис секторот, но не и на потребите на граѓаните на Република Македонија.

Во таа насока сакаме да укажеме и на ризиците по владеењето на правото и економијата со неодамнешниот случај на толкувања на одредби од Законот за данок на додадена вредност (ДДВ) и обидот за нивна примена врз физички лица во услови на недостаток на правила и процедури, при иста даночна база и правна инциденца. Во овој период индикативно беше работењето на Фондот за иновации и технолошки развој во делот на добитници на средства од овој фонд. Одговорност не се понесе од страна на Владата за оваа епизода.

Целосниот извештај од Мониторинг на исполнувањето на мерките од Итните демократски реформи и Планот 3 6 9 во Република Македонија во делот на јавни финансии и економија можете да го најдете на следниот линк