Целта на овој документ е да се даде независна оценка за напредокот од исполнувањето на мерките кои се идентификувани од граѓанскиот сектор на Република Македонија, а објавени во документот „Предлог на граѓански организации за итни демократски реформи“ за периодот од 6-те месеци на Владата на Република Македонија.
Документот „Предлог на граѓански организации за итни демократски реформи“ (јули 2017) е надградена верзија на „Предлог на граѓанските организации за итни демократски реформи“ за следните 6, 9 и 12 месеци, кој беше верификуван и од Европската унија, а е резултат од работата на 73 граѓански организации и експерти. Предлозите за реформи се изработени од страна на 146 учесници на Форумот на граѓански организации на 4 и 5 јули 2017 година, а се надоврзуваат на основниот документ изработен во 2016 година.
Целосниот документ е достапен на следниот линк: