Центарот за економски анализи направи Мониторинг и анализа на работата и фискалната транспарентност на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во прилог дел од заклучоците:

– Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот не објавува ниту еден буџетски документ, овие документи се достапни само преку барање на информации од јавен карактер.

– Функционалноста на веб страната на АППТ е загрижувачка поради честото не функционирање на веб страната. Во периодот на анализирање и мониторинг веб страната на АППТ не била достапна 2 пати во подолг временски период.

– После телефонски разговор со лице од АППТ за доставување на документите утврдено е дека преку барање за информации од јавен карактер достапни се документи кои датираат после 2013 (вклучувајќи ја и 2013) поради преместувањето на канцелариите од Струга во Скопје, додека документите од претходните години не се достапни.

– Во 2016 година постои значителна разлика помеѓу планираниот буџет на АППТ и реализираниот, иако нема ефект врз пристигнувањата на туристи, претпоставуваме дека со подобро искористување на буџетот наменет за АППТ ефектот би бил подобар и бројот на туристи би бил поголем.

– Бројот на туристи е во тренд на пораст, како и бројот на ноќевања и за прв пат после осамостојувањето Македонија надминува бројка од половина милион странски посетители

– АППТ не издвојува буџет за посебно рекламирање на три од првите пет од земјите од каде што доаѓаат најмногу туристи во Македонија.

– Во годишниот план во 2015 година непознато е во кои земји колку е потрошено за рекламна пропаганда.

– Досегашните рекламирања имаат релативно мал ефект врз привлекувањето на бројот на туристи

Целосниот извештај е достапен на следниот линк

Анализа на на работата и фискалната транспарентност на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот