Клиент: USAID Проект за деловно опкружување

Проект во соработка со USAID Македонија од периодот помеѓу 2005-та и 2011-та година. Постои мал пазар за макроекономски анализи во Македонија, а Владата на Македонија сѐ уште многу често своите одлуки ги заснова на политички, а не на реални квантитативни анализи. И покрај тоа што ЦЕА се развива во една професионална и ефикасна организација, нејзината долгорочна одржливост ќе зависи од заложбата на Владата да ги земе во предвид интересите на приватниот сектор и да биде поприемчива кон независните анализи. Заради недостатокот од независни извори на информации во земјата кој постоеше во минатото, целта е да се востанови одржлив think tank кој ќе обезбедува врвни интелектуални услуги и ресурси, како и да генерира побарувачка на услуги кои ќе овозможат Македонија соодветно да ги поддржува анализите на политиките. Погледнете повеќе за овој проект на следниов линк на страната на USAID.